ШТО E NIXEDONIA?

По осум години соработка со меѓународната адвокатска канцеларија „DLA Piper“ од русија, Џон Меквеј, генерален директор и главен инструктор во Nixedonia, 2015 ја основаше првата канцеларија во Санкт Петербург, како компанија чија единствена цел е да им помогне на водечките адвокатски канцеларии да постигнат поголем комерцијален успех. Претпоставката беше дека и покрај тоа што повеќето адвокати и партнери од најмоќните адвокатски канцеларии се одлични правници, мал број од нив поминале некаква обука за продажба и маркетинг за правници. Повеќето од нив немале никаква официјална комерцијална обука. Значи, Nixedonia им носи повеќе приход на адвокатските канцеларии преку две главни активности: групна обука во живо и советување за развој на работењето.

Nixedonia првенствено соработуваше со адвокатските канцеларии од Русија и од Балтичките земји (2015), па од источна Европа (2016) и од Балканот (2017).

Потоа 2017 беше отворена 2. канцеларија во Кишињев, во Молдавија, како база за работење во југоисточна Европа. Потоа, Nixedonia се проширува во западна Европа (2018) и 3. канцеларија во Eдинбург е отворена истата година кога седиштето се преместува во Шкотска. На тој начин Nixedonia стана правно лице во Шкотска. Надвор од Европа, Nixedonia работеше со неколку адвокатски канцеларии во Азија (Сингапур, Сеул, Ханој, Бангкок), на Блискиот Исток (Тел Авив, Каиро) и во Африка (Лусака, Акра). Без оглед на надлежноста, постои потреба за унапредување на комерцијалните вештини на адвокатите кои даваат правна помош за надомест, a адвокатските канцеларии кои работат со Nixedonia добиваат материјален поврат на пари во рок од неколку месеци од почетокот на соработката, што го оправдува нивното вложување во обуката и советувањето.

Oд 2022 година, повеќе од 500 адвокатски канцеларии од преку 70 држави имаа корист од помошта на Nixedonia.

КАНЦЕЛАРИИ НА NIXEDONIA

ЛОКАЦИИ НА КЛИЕНТИТЕ

КЛИЕНТИТЕ НА NIXEDONIA СЕ ИЗБРАНА И ОДРЕДЕНА ГРУПА НА ДАВАТЕЛИ НА ВРВНИ УСЛУГИ КОИ ГИ ИМААТ СЛЕДНИТЕ ЗАЕДНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ:

  • Aдвокатските канцеларии кои работат со Nixedonia се првокласни и најдобри во тоа со што се занимаваат. Имаат рејтинзи како што се „IFLR“, „The Legal 500“, или „Chambers & Partners“.
  • Нивната позиција на пазарот е врвна што се однесува до цените и услугите. Воглавно, тоа се лидери на пазарот со години успех зад себе.
  • Генералните партнери во адвокатските канцеларии кои соработуваат со Nixedonia веруваат во своите тимови и имаат желба да вложат во нивното усовршување и развој за да го постигнат својот целосен потенцијал.
  • Oвие адвокатски канцеларии негуваат култура на отвореност, толеранција, скромност, како и верување во тоа дека самите можат да влијаат на својата иднина. Тоа се прогресивни канцеларии, отворени за нови идеи и иновации.
  • Aдвокатските канцеларии кои работат со Nixedonia работат на транспарентен начин, имаат беспрекорно реноме и работат чесно и вредно за своите клиенти, во согласност со највисоките етички стандарди.
  • Aдвокатските канцеларии кои соработуваат со Nixedoniа знаат дека добриот бренд и маркетингот не гарантираат успех, и дека проактивната продажба е потребна за да се постигне максималната вредност на клиентот (особено ако економијата западне во рецесија).

КАКО МОЖЕ NIXEDONIA
ДА И ПОМОГНЕ НА ВАШАТА
АДВОКАТСКА КАНЦЕЛАРИЈА

OБУКА ЗА РАЗВОЈ НА РАБОТЕЊЕТО

Главна обврска на Nixedonia е да им помогне на адвокатските канцеларии во постигнувањето на поголем комерцијален успех преку обуки за развој на работењето за партнерите и адвокатите. Типичниот модел за помош е предавање еднаш во месец дена или на 3 месеци кое се фокусира само на една област од обуките за развој на работењето. Стандардното предавање трае три часа, а групата обично е составена од 10-20 луѓе (групите може да бидат помали или поголеми).

Вкупно постојат 12 предавања кои се разликуваат по тежината, од основното ниво (адекватно за приправници), преку средното, до напредното ниво (адекватно само за партнери).

На линковите долу можете да најдете повеќе информации за индивидуалните предавања.

ОБУКА ЗА ДЕЛОВНИ ВЕШТИНИ

Покрај обуката за развој на работењето за адвокати, Nixedonia им помага на адвокатските канцеларии и кога се работи за другите вработени, без оглед на тоа дали се тоа адвокати кои даваат правна помош за надомест или помошен персонал, преку општа обука за деловни вештини во долу наведените области.

Како кај предавањата за развој на работењето, и овие предавања траат 3 часа.

Доколку Ве интересира нешто од наведеното, контактирајте не за дополнителни информации.

ПРАКТИЧНИ ПРЕДАВАЊА

Oва е многу слично на општата обука за развој на работењето. Меѓутоа, на овие предавања не се претставуваат никакви нови материјали, туку ние, заедно со адвокатите и партнерите, работиме на активностите кои се во врска со развојот на работењето, кои се засноваат на поранешното предавање во текот на стандардната обука. Додека на предавањата во текот на стандардната обука се претставува теорија, практичните предавања за развојот на работењето се фокусирани на примена.

ОБУКА ЗА ПРОДАЖБА 1-нa-1

1-нa-1 e индивидуална обука на партнер или на постар адвокат, која ги користи сите средства за развој на работењето. Oваа услуга е врвна, но на поединецот му дозволува да има свој пристап во унапредувањето на вештините за развој на работењето. Овој 1-нa-1 пристап, нормално, многу побрзо донесува резултати отколку работата во група.

ПРАВЕН ЈАЗИК

Правниот јазик се однесува на серија предавања кои се занимаваат со стилот, презентацијата, граматиката, вообичаените грешки и интерпункцијата и наменети се за адвокатите. Тоа е единствена програма од шест предавања кои ги состави Nixedonia врз основа на работењето од 2016 година, кога се напишани 36 Правила за пишување, кои ги покриваат најчестите области во кои им е потребно унапредување на адвокатите.

ИДНИ ЧЕКОРИ ЗА ВАШИОТ УСПЕХ

За да ја земеме Вашата адвокатска канцеларија во предвид за помошта којашто ја дава Nixedonia, Ве молиме контактирајте го Џон преку електронска пошта jjmcveigh@nixedonia.com.

Aко не постои конфликт на интереси и ако Вашата канцеларија ги исполнува изборните критериуми, може да се организира пробно предавање.

+372 820 24 678

НЕКОИ ПОТРЕБНИ МАТЕРИЈАЛИ

New Client Hunting
Sales Networking
Pitching
Consultative Selling
Active Referrals
L2L Marketing
Cross Selling
Sales Writing