NIXEDONIA

КАРТИЧКИ

СО КОНЦЕПТИ

Како се создадени Nixedonia картичките со концепти?

Кога 2022 Џон Меквеј, основач и главен инструктор во Nixedonia, ги истражувал материјалите за продажба и маркетингот за правници кои би можеле да им помогнат на адвокатите да остварат поголеми приходи, сфатил дека нема многу клучни концепти во тие книги, или во склоп на предавањата кои ги осмислил. Добрата книга може да содржи не повеќе од неколку концепти, а повеќето од нив може да се напишат на разгледница. Така се роди идејата да се елиминира се што е „непотребно“ во пишувањето и да се направи материјал кој ќе се фокусира само на овие клучни концепти.

За да не се изгубат овие концепти меѓу страниците со текст и во книгите со материјали, за кои мал број на адвокати имаат време да ги читаат, одлучено е тие концепти да се наоѓаат на веднаш достапни картички за учење. Врз основа на своето искуство со повеќе од 500 адвокатски канцеларии од преку 70 земји, Џон ги избрал најкорисните концепти, од различните книги, од материјалите коишто тој ги составил, и од разните надлежности со кои се сретнал и кои му биле од корист.

Што се

Nixedonia

картичките со концепти?



Како се користат Nixedonia картичките со концепти?

Картичките можат да се читаат по било кој редослед, или по теми. Прво треба да се погледа страната со дијаграмот, потоа да се прочита, и да се врати кај останатите картички. Адвокатот продолжува на сличен начин додека не ги прочита сите. Потоа адвокатот се обидува да се сети на концептот врз основа на дијаграмите. Aко го направи тоа точно, картичката ја враќа назад на купот, а ако не, ја става на посебен куп. Тоа практично значи дека преку игра на повторување се обидуваме да го постигнеме стадиумот кога дијаграмот, како и описот на концептот кој се наоѓа на него, доведуваат до сеќавање на концептот.

Како можат Nixedonia картичките со концепти да ми помогнат мене како адвокат?

Како прво, овие картички ќе Ви заштедат доста време потребно за читање на книги за продажба и маркетинг за правници или за посетување на слични обуки. Наместо да губите време на „непотребното“, веднаш добивате клучни концепти и можете да ги примените во практиката. Како второ, ако систематично ги применувате најпрактичните концепти, Вашата практика ќе остварува поголеми приходи. Само еден концепт како резултат може да има огромен број на наплатливи часови. И на крајот, овие картички ќе Ви ги отворат очите кога се работи за нови пристапи во продажбата и маркетингот за правници, и ќе Ве поттикнат да ги примените – значи, играњето со Nixedonia картичките со концепти може да го мотивираат адвокатот да постигне поголем успех многу побрзо од било која книга или обука.